Производствениот погон на Еврометал е лоциран на 5 km источно од Виница, во м.в. Скараница, на 300 m од магистралата Виница – Берово.

Располагаме со 470 m2 покриен погон, 1500 м2  расположлива надворешна површина. Во склоп на производството спаѓаат CO2 и електрични апарати за заварување, машини за сечење на метал (челични плотни и профили),  дупчалки, преси, виљушкари, кранови и останат алат. За потребите за монтажа на располагање ни стојат 4 автодигалки со различни висини, повеќе мобилни колички, скелиња и сл. Транспортот на материјалот се врши со сопствен првоз и надворешни соработници.